Дали треба да се смени штом ги видиме првите знаци на абење или да се користи сè додека едноставно целосно не престане да работи? Како да процените дека е вистинско време за замена?
Многумина од нас навистина не знаат како да ги „прочитаат“ знаците на расипан клима уред, па затоа го користиме иако навистина повеќе не ја врши добро својата функција. Некои апарати траат петнаесет и повеќе години, но како знаете кога е време да купите нов климатизер?
   1.Внатрешната единица е премногу бучна
Дали сте забележале дека вашата клима бучи повеќе од нормално? Исклучете го и повикајте сервисер бидејќи овие звуци обично укажуваат на посериозни дефекти, како дефект на моторот, што бара големи поправки или замена на комплетниот климатизер.
    2.Сметките за електрична енергија стануваат сè поголеми
Како одминува времето, ефикасноста на климатизерот се намалува. Апаратите што можат да се купат денес користат многу помалку електрична енергија отколку нивните претходници. Климатизерите од повисок ранг користат до 50 проценти помалку електрична енергија од продадените, на пр. во деведесеттите години од минатиот век. Ако сте ги следеле сите упатства како да користите климатизер, а сепак ништо не се менува во потрошувачката на енергија, тогаш ова сигурно е знак дека тој веќе не работи ефикасно. Заменувањето на климатизер стар петнаесет години може да ви помогне да заштедите пари на долг рок, затоа што уредот работи полошо секоја година, тој престанува да биде ефикасен, што доведува до поголеми сметки за електрична енергија, а со тоа се нарушува удобноста на вашиот дом. Доколку климата не се одржува соодветно, можно е периодот на замена да биде пократок.
  3.Климата постојано се расипува
Ако повиците кон сервисер станале редовни, дефинитивно е време за нов климатизер. Всушност, подобро е да се инвестира во нова клима отколку да се поправаат или менуваат деловите ако е премногу често. Општо, како упатство, експертите велат дека ако трошоците за поправка на климатизер се повеќе од 50 проценти од цената на новиот климатизер, едноставно треба да го замените стариот. Сервисерот треба да доаѓа еднаш годишно да ја одржува единицата, но ако непланираните поправки станат вообичаени, проценете сами колку се исплати наместо да купите нов климатизер.
   4.Климатизерот повеќе не може да ја излади просторијата
Ако вашата соба во која престојувате во текот на летните месеци веќе не е толку свежа како порано и не се чувствувате пријатно, постојат две можни причини. Првиот е валкана или слабо одржувана единица која бара поголемо внимание. Ако не ги следите упатствата за одржување на апаратот, климатизерот ќе собере нечистотија и може да се појават проблеми во некои други делови од апаратот, не само во филтрите. Причината исто така може да биде недостаток на фреон. И во овој случај, може да се случи поправките да бидат прилично скапи и подобро решение би било набавка на нов климатизер.
    5.Влага околу климатизерот
Кондензацијата околу климатизерот е нормална, но прекумерното истекување на вода од климатизерот може да биде многу поголем проблем. Ако забележите дека протекува вода од единицата или се создава голема дамка во вода околу неа, веднаш треба да повикате сервисер.