Giacomini

Giacomini e еден од најголемите производители на арматура за греење во светски рамки. Во компанијата се вработени околу 100о луѓе, распоредени во четири фабрики во Италија и во шест Европски претставништва. Денес најголем дел од своите производи ги извезува во над 100 земји ширум светот, благодарение на високиот квалитет и со брендот ”made in Italy”. Во своите производствени погони од преку 130.000 m2 Giacomini преработува над 100 тони месинг дневно. Компанијата е докажана како врвен иноватор во технолошки решенија кои се сертифицирани и одобрени соглсност со ISO 9001 , ISO 9002 , ISO 14001 , BSI, IQNET, CISQ и други.

Borpan

BORPAN е еден од најквалитетните производители на панелни радијатори и цевни регистри во Турција. Фабриката е распространета на 80.000 m2 и произведува над 2.500.000 м’/год. радијатори и 600.00 м’/год. регистри, со примена на најсовремена технологија. Извезува во 45 држави на 6 континенти. BORPAN е бренд на кој секогаш можете да се потпрете.

Wilo

Wilo низ светот претставува синоним на квалитет и првокласно инженерство на Германија. Компанијата е водечки производител на пумпи и пумпни системи за техниката на греење, ладење и климатизација, снабдување со вода и отпадни води.

Radiatori 2000

RADIATORI 2000 е стационирана во близина на Bergamo во Италија. Користи најнова технологија на роботика со современ процес на производство на радијатори. Користените легури на алуминиум имаат гарантиран квалитет во согласност со сите важечки прописи и поседува поседува одлична термичка спроводливост и голема механичка отпорност на корозија. Врвните карактеристики и врвниот квалитет се главни одлики на моделот KALDO. 

Bosch

Bosch Termotehnik GmbH е дел од светската компанија Bosch, која е водечки производител на енергетски ефикасни производи, за греење и за припрема на топла вода, во Европа. Bosch во опремата за термотехника располага со познати светски брендови, кои во широк и разноврсен опсег се произведуваат во 22 фабрики во 11 европски и северноамерикански земји. Bosch во својата програма нуди ѕидни плински котли, кондезни котли на плин, котли на тврдо гориво, соларни системи и опрема, топлински пумпи како и решенија за користење на обновливи извори на енергија. 

Daikin

Daikin како компанија е основана во далечната 1924 год. од страна на Акира Јарнада во Осака, Јапонија. Денеска повеќе од 17,000 луѓе работат на развојната програма на клима уредите, кои се водат по строгите принципи за висок квалитет. Токму поради тоа Daikin е нашироко познат по својот квалитет и моментално го завзема водечкото место во производната индустрија на системи за климатизација, со годишен промет преку 7 милијарди евра. Колку се квалитетни Daikin климатизерите говори и фактот што тие се присутни на пазарите безмалку во сите земји на светот. 

Sun System

Sun System е бренд на NES, компанија која е стационирана во Шумен, Република Бугарија. Нивната главна активност е производство на производи кои ќе користат обновливи извори на енергија. Производите кои излегуваат од фабриката се со многу голем квалитет, а признанијата за тоа се многуте сертификати со кои располагаат. За квалитетот на бојлерите од Sun System говори и фактот што имаат отворена соработа со околу 100 земји. Sun System во својата програма нуди електрични бојлери, комбинирани емајлирани бојлери, бафери, соларни панели и фотоволтаични панел и системи.

Camel Solar

Camel Solar e фабрика која се занимава со производство на високо ефикасни соларни панели. Со својот квалитет на соларните панели тие забрзано го освојуваат светскиот пазар и се надлеку познати. Применуваат најсовремена технологија при производството на панелите со што ефикасноста на истите е доведена до највисоко ниво. Camel Solar е бренд на кој секогаш можете да се потпрете и никогаш нема да ве изневери.

Frabo

Frabo е компанија која е основана во 1969 год. во Бордолано, Италија и претставува водечки производител на фитинзи направени од бакар,месинг и други материјали. Оваа компанија формирана е од страна на 5 браќа, и уште на самиот почеток влегува на пазарот со продажба на брендирани бакарни цевки и фитинг. Денес Frabo користи најнапредна опрема и технологија во производството на бакарни цевки и фитинг, прес фитинг, како и компресионен фитинг. Како компанија со огромна палета на производи кои се продаваат низ целиот свет, со канцеларии и складишта во Италија, Франција, Шпанија и Романија претставува лидер со своето искуство, иновации и квалитетна опрема и фитинг.

Lk Armatur

Lk Armatur е компанија формирана во 1985 год. во Шведска, која го следи постојаниот тренд на водечки случувања на пазарот на нови производи и услуги во делот на вентили, компоненти и префабрикувани елементи. Lk Armatur произведува околу еден милион вентили за една година, почнувајќи од едноставни стандардни вентили, трокраки и четворокраки мешачки вентили за котли, мотори за мешачките вентили, прилагодени специјализирани производи. Со својата висока технологија во производството, компетентност, механика и посветеност на компанијата е во рангот на светски успешни компании.

Buderus

Компанијата Buderus е една од најстарите и најпознатите германски компании од областа на грејната технологија, специјализирана за производство на кондензатори и конвенционални челични котли на нафта, гас, со голема моќност за станбени, индустриски и комерцијални објекти. Од 2002 год. Buderus станува составен дел од компанијата Bosch, односно во делот на програмата на BOSCH Тhermotechnik.

Ariston
Компанијата Ariston thermo Group,основана во 1930 год.,започнува со производство на Ariston бојлерите во 1960 год,и за кратко време успева да стане еден од меѓународно познатите брендови.Производите на Ariston се дизајнирани за да ги задоволат потребите на модерното живеење.Покрај широкиот спектар на интелигентни бојлери,нуди и широк спектар на интегрирани соларни системи и топлински пумпи кои им овозможуваат на корисниците да ги искористат изворите на обновлива енергија.Како дополнување на заштедата на енергија и удобноста,елеганцијата на дизајнитеновозможува Ariston производите да се прикладни за секоја околина.