Вработувања

Ние сме секогаш отворени за соработка со млади, стручни и амбициозни луѓе со цел – остварување на заедничките интереси. Основните подрачја во кои работиме се увозот, трговијата, инженерингот и изведбата на инсталации во областа на греење, водовод, соларни системи и климатизација.
Доколку она што претставува Ваша понуда, нуди квалитет и визија за остварување на заедничката цел, штета би било да не пратите кратка биографија со Вашите податоци. Можете да бидете спокојни за нивната доверливост и приватност. Ако одговорот не го добиете веднаш, не се разочарувајте. Вашата пријава ќе биде зачувана во нашата архива и ќе ве повикаме веднаш штом се укаже потреба за работните способности што ги поседувате.
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме во најкраток рок да одговорите на оваа порака со доставување на Ваше CV (кратка биографија со слика) на адреса:

info@termodinamik.com.mk

Кандидатите кои ќе бидат одбрани за информативен разговор ќе бидат известени заради понатамошен контакт. За сите дополнителни информации во врска со работните места можете да се обратите на истата.